Во Албанија 70, во Косово седум нови случаи на ХИВ

Во изминатите единаесет месеци од годинава во Албанија регистрирани се 70 нови случаи со ХИВ/СИДА, со што официјалната бројка достигна околу 870, јави дописникот на МИА од Тирана.

Од новите случаи пет се деца, кои вирусот го добиле од нивните мајки.

Од 1993 година кога е регистриран првиот случај на ХИВ позитивен во Албанија, лани се евидентирани најголем број новозаразени на годишно ниво и тоа дури 122 лица, од кои само во декември 24. Иако се манипулира со бројка од околу 870 сепак се верува дека вистинската бројка на заболени е многу поголема, бидејки не се вршат навремени контроли. Неофицијално се смета дека во Албанија има повеќе од илјада ХИВ позитивни лица.

- Од вкупната бројка 38 се деца, а 30 отсто се жени. Тоа навистина е повеќе од загрижувачки податок, поради што треба да се преземат брзи мерки за да не биде предоцна, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.

Како последица на оваа болест досега починале над 120 возрасни и осум деца. Најголем број од заразените или речиси половина се од подрачјето на Тирана, потоа следуваат поголемите градови Драч, Валона и Елбасан.

Во Косово пак во изминатиот период од годинава третирани се 14 пациенти додека седум се дијагностицирани.

Од 1986 година кога е регстриран првиот случај до сега во Косово евидентирани се 97 случаи со ХИВ/СИДА. Од нив, според портпаролот на Министертвото за здравство, Фаил Хоти, 94 се Косовци додека тројца се странци, кои биле дел од мисиите или на задача во Косово. Од вкупниот број 69 отсто се мажи, додека 31 жена.Најпогодени се лицата на возраст од 35-44 години. До сега од сида починале 40 лица.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега