ФОТО: Ова е прегазената жена- ќерката се уште ја чека да се врати од работа

Полицијата во Нови Сад и понатаму трага по непознатиот возач на автомобилот со кој синоќа беше усмртена 28-годишната Марија Милешиќ на Сомборскиот булевар. Возачот избега од местото на настанот.

Семејството на трагично загинатата Марија се уште е во неверување дека повеќе ја нема.

- Нашата ќеркичка Теодора има само 4 години и се уште ја чека мајка си да се врати од работа, изјавил низ солзи сопругот на Mарија- Милан за српски Курир, кој додал дека со Марија не биле во брак, но живееле заедно 10 години.

Делот од булеварот каде беше прегазена Марија се уште е затворен за сообраќај, бидејќи увидот е во тек.

Марија која работела како келнерка, додека била на работа во еден момент го напуштила локалот и тргнала да купи цигари, преку Сомборскиот булевар каде се наоѓа пешачки премин.

Таа прво била прегазена од едно возло кое ја отфрлило на улицата, по што налетало такси возило и поминало преку неа. Таксистот веднаш застанал и се обидел да помогне, меѓутоа за жал било прекасно.

 

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега