Билетите за концертот на Цеца во Скопје до 2000 денари
Српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца доаѓа на голем предновогодишен концерт во Скопје на 27 декември.
- Дека е добредојдена покажува фактот кој што вели дека 30% од спортската арена Борис Трајковски веќе е распродадена – велат организаторите „Балкан медија“.
За останатите слободни места, влезници на стандардните продажни места: Розе Веро 2, Камард Рамстор, Купикарти за се и низ сите локални плоштади во државата.
Цената на влезниците е:
партер стоење – 800,
фанпит – 1300 во ограничен број (само 300 влезници),
трибина блок 1 и 15 – 800 денари,
трибина блок 2, 4, 12 и 14 – 1300 денари,
трибина блок 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 – 1000 денари,
ВИП блок 3 – 1500 денари,
ГОЛД ВИП блок 13 – 2000 денари.
Резервации на 072 68 07 76.
Организиран е и превоз до салата од повеќето градови низ Македонија.
- Не е исклучена можноста на сцената со Цеца да се појават специјални музички гости, нејзини блиски пријатели и соработници. Со што концертот ќе добие префикс, идеална предновогодишна журка – велат организаторите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа