Тест: Што ви е најважно- сексот, семејството или парите?
Решете го овој едноставен тест и дознајте каква е вашата листа на приоритети. Обичните и секојдневни активности можат да ви покажат што е всушност за вас најважно во животот и што е тоа што генерално ве придвижува во животот.
Замислете дека сте во домот и во исто време се случуваат пет нешта кои бараат ваша брза реакција. Според кој редослед ќе им обрнете внимание?
а) Ѕвони телефонот
б) Плаче детето
в) Некој ви ѕвони на вратата
г) Алиштата ви се сушат на балконот, но туку што започнало да врне дожд
д) Водата која сте ја пуштиле од чешмата почнува да се прелива преку мијалникот.
Сега, запишете на парче хартија по кој редослед би ги извршиле овие задачи и не ѕиркајте во резултатите пред да завршите со вашите одговори.
А еве ги и резултатите:
a) Телефон - Работа
б) Дете - Семејство
в) Врата - Пријатели
г) Облека - Пари
д) Чешма - Секс
ФОТО: Точка
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа