Зошто го сакам декември

Ги живееме првите денови од последниот месец за годинава.

Декември е најмагичниот, најволшебниот месец во годината.

Месец кога бакнежите и прегратките стануваат се почести, а плановите се поголеми.

Еве зошто го сакаме декември, зошто ни е најубав.

Декември е совршен за прошетки во доцните часови. Помислете на сите долги улици, накитени со сијалички, фенери, украси, а вие во прегратка на Вашиот сакан. Има ли нешто поромантично? Не заборавајте магијата од улиците да ја донесете и дома... Одберете украсни сијалички од гифт шоповите за вашите прозорци, ставете украси над каминот, во кујната. Купете божиќни цвеќиња од Вашата омилена цвеќарница, ставете борови гранчиња во домот и украсете ги со вештачки снег.

Декември е среќа зачинета со безброј насмевки , љубов во сите нијанси за да согледате дека ништо не е црно - бело и дека шареното е во мода.

Нека шаренолик биде вашиот свет, нека изобилува со позитивни луѓе, бакнежи, прегратки, пријатни мириси, пикантни вкусови, нежни допири и цврсти зборови.

Декември е идеален момент за подарување. Изненадете ја Вашата мајка со зимско цвеќе од цвеќарница, Вашата најдрага колешка со колачи од слаткарница или бонбони од кенди шоповите, Вашата најдобра пријателка со луксузен комплет на долна облека, Вашата сестра со спа викенд, Вашиот сакан со добро вино...

Декември е период кога мора да бидете креативни. Направете сами украси за Вашиот дом, Вашето работно место или препуштете им се на рацете од ателјеата за декорација. Заборавете за миг на технологијата и купете хартиени честитки. Искрените желби со сопствен ракопис испишете ги на хартија.

Декември е месец кога правите ретроспекција. Мислата која годинава Ве мотиварала да стенете подобри, испринтајте ја на шољата во која го пиете првото утринско кафе. Освен ова, во фото студиото може да ги испринтате и фотографиите кои оваа 2014та Ви ја направија волшебна.

Мој ден

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 00:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега