ФОТО: Од стар пешкир направете тепих за во бањата
Зошто да ги фрлате старите пешкири? Со малку креативност и игра на бои, можете да бидете вешт дизајнер на интересен и мек тепих за во бања.
Потребно ви е:
стари пешкири
ножици
пластична мрежа со посакуваните димензии на тепихот
Пешкирите се сечат на траки долги околу 12 – 14 сантиметри, а широки 2 – 4 сантиметри.
Кога ќе исечете доволно, почнете да ги врзувате во јазли за пластичната мрежа, но внимавајќи при тоа да ги врзувате на растојание кое ви се чини најпогодно за тепихот да има густина.
Оцени ја веста
01.12.2014 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа