Ова се дел од најсмешните закони во САД

 

 

 

Овие интересни американски закони датираат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, кога општеството се трансформирало од земјоделско во индустриско. Инаку сите се донесени од локални собранија, а не од Конгресот на САД. Повеќето од нив се уште се на сила, но не се применуваат.

1. Полдинг во Охајо им дозволува на полицајците да ги гризнат кучињата, доколку проценат дека тоа ќе го смири животното.

2. Забрането е јавање на грд коњ во Вилбур, во државата Вашингтон.

3. Во Квитман во Џорџија, кокошките не смеат да преминат пат.

4. Во округот Мохаве во Аризона, доколку фатат крадец на сапун, тој ќе мора да се капе со него се додека не го потроши потполно.

5. Најблиските роднини може да се венчаат во Јута, но дури кога ќе наполнат 65 години.

6. Во Северна Дакота никој не може да биде уапсен на 4-ти јули.

7. Во Тенесиј е незаконски дете да се игра во недела, без посебна дозвола од властите.

8. Во истата држава е забрането атеистите да бидат функционери.

9. Индијана им се забранува на мажите сексуално да се возбудат во јавност.

10. Во Калифорнија постои забрана за лижење на жаби. Изгледа дека некои луѓе ги лижеле жабите за да се дрогираат, но на многумина им се слошило.

11. Во Мичиген се забранува врзување на крокодил за уличен хидрант.

12. Стариот закон во Колоради налага секој да има лекарски рецепт пред да се бања.

13. Во Колорадо исто така е забрането мажите да се оженат со бабата на својата жена.

14. Закон во Канзас вели: „Кога два воза ќе се сретнат на крстосница и двата мора да сопрат и ниту еден не може да тргне додека другиот не замине“.

15. Во Калифорнија им се забранува на жените да управуваат автомобил облечени во домашен фустан.

16. Законот во Минеаполис предвидува остра казна за оние кои ќе ги паркираат своите возила така што оние кои што веќе се на паркинтор не можат да излезат со своите автомобили. Оној кој ќе го направи тоа ќе биде врзан со синџири и ќе добива само леб и вода.

17. Во Мичиген женската коса му припаѓа на сопругот.

18. Морисвил во Пенсилванија им се забранува на жените да користат шминка без дозвола.

19. На мажот му се забранува да ја бакне жената додека спие, доколку тој живее во округот Логан во Колорадо.

20. Во Чалис во Ајдах, нелагално е маж да оди на улица со жена која е сопруга на друг човек.

1. Доколку флертувате во Литл Рок во Арканзас може да добиете затворска казна до 30 дена.

22. Во Труро, Мисисипи му се налага на маж кој сака да се ожени да убие шест косови и три врани.

23. Пуебло во Колорадо со закон се забранува одгледување на глуварче.

24. Жена во Мемфис во државата Тенеси не смее да вози авотмобил, доколу пред неа не се движи маж со црвено знаме со кое ги предупредува другите возачи и пешаци.

25. Во Блу Ерт во Минесота им е забрането на деца помали од 12 години да употребуваат телефон без присуство на родители.

 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега