Кили се огласи од Еквадор
Актерот и шоумен Кирил Поп Христов, со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката Јоана пред две недели ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка,пишува Вест
-Па ова е рај на земјата. Ова е земја за нас. Ова е земја за сите наши луѓе. Овде е исто како што беше во СФРЈ. А тоа кажува сe. Овде почнав да дишам. Конечно. Овде е лето постојано. Ма рај на земјината топка. А воздухот е совршен. Среќен сум, а тоа е повеќе од доволно за добро здравје. Додека дишам ќе се надевам, рекол Кили за Вест додека се допишувале на Фејсбук…
Оцени ја веста
01.12.2014 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа