Вооружена банда ограбила патници на аеродром

 

 

Австралиското Министерство за надворешни работи соопшти дека припадници на криминална банда, ограбиле патници на аеродромот Наџаб во Папуа, Нова Гвинеја. Како што пренесе „Франс прес“, аеродромот кој се наоѓа на околу 40 километри од градот Лаа, два часа бил под контрола на околу 30 вооружени криминалци, кои ги ограбиле патниците и ги оштетиле терминалите.

Портпаролот на полицијата изјави дека деветте припадници од аеродромското обезбедување биле нападнати од 30 вооружени криминалци, кои не успеале да го отворат сефот на националниот превозник „Ер Ниугини“ .

Инаку властите ги предупредуваат туристите дека стапката на криминал во Папуа, Нова Гвинеја е висока и дека треба да бидат особено претпазливи, бидејќи таа е уште повисока за време на Божиќните празници.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега