Швајцарците ги отфрлија сите три предлози на референдумот

 

 

Граѓаните на Швајцарија преку референдум се изјаснија против предлогот да се ограничи бројот на имигрантите во земјата, но и против иницијативата за елиминирање на специјалните даночни олеснувања за богатите странци . Со предлогот за кој се одлучуваше на вчерашниот референдум, требаше да се воведе ограничување на имиграцијата на околу 17 илјади луѓе годишно или 25 отсто од досегашниот број, поради заштита на животната средина. Околу 78 проценти од гласачите го одбија предлогот, а 60 отсто гласаа против иницијативата за отстранување на специјалните даночни олеснувања за богатите странци.

Околу 25 проценти од работната сила во Швајцарија се странци, а земјата по втор пат оваа година гласаше за прашање за имиграцијата.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега