ВМРО-ДПМНЕ се огласија за видеото: Не можеме да веруваме на кое ниво спадна опозицијата

 

 

ВМРО-ДПМНЕ чувствува потреба да се произнесе околу едно видео со чудна содржина кое циркулира по медиумите. Освен тоа што како кај сите оние што ја погледнале и кај нас предзвика чувство на хумор, во врска со снимката која беше лиферувана од страна на еден медиум во обид да се претстави некаква наводна афера, би сакале да го споменеме и следното.

На сликата покрај тоа што се гледаат корици кои наликуваат на корици од пасош, кои може да се најдат на било која тезга како новогодишни честитки, се гледаат и прст и табан од нечија боса нога, а се слуша и еден неартикулиран извик со идеолошка конотација, за кој претпоставуваме дека треба и нас и јавноста да не убедат дека наводно некое лице кое наводно печати некакви наводни пасоши е антикомунист или симпатизер на десницата, па така одработува контра левицата. Да не е смешно ќе е трагично. Креаторот на оваа неинвентивна снимка имал или лош ден или пак неговиот капацитет е ограничен.

Би сакале да сугерираме на режисерите на ваков вид на ефтина продукција, во иднина кога ќе снимаат нови серии, барем да го облечат човекот и да не е бос, бидејки времето е студено и може да настине.Исто така сугерираме заради уметнички ефект во следната серија да се појавува уште посилен и поостар глас, кој уште понападно, па и повулгарно вербално ќе го нападне СДСМ или левицата,за да може барем еден човек да поверува дека тој што го извикува тоа, нормално е припадник на ВМРО-ДПМНЕ.

Не можеме да поверуваме на кое дереџе е спадната опозицијата па се обидува со вакви евтини приказни, во кои никој, па ни тие самите не веруваат, да креираат некаква перцепција.

 

Им посакуваме повеќе инспирација при следните нивни снимања на комедијантски снимки, кои не само што ништо не претставуваат, туку говорат за извонредно слабиот капацитет на Заев и друштвото, за кој искрено жалиме.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега