Табу тема - економското насилство врз жените

 

 

 

Сомбор – Економското насилство врз жените во нашата средина е се уште една од табу темите, за која се зборува срамежливо, или се третира како ” нешто што му се случува на некој друг ”, е  еден од заклучоците од истражувањето спроведено од страна на здружението” Женска алтернатива ” во Сомбор. По тој повод, беше организирана панел дискусија на тема “Поддршка на жените во ситуации на економско насилство ”, која се одржа во студентскиот дом ” Д-р Зоран Ѓинѓиќ” во Сомбор.

” Економско насилство врз жените се води во социјалната средина во која тие живеат, на работното место, но и во семејството ”, рече истражувачот Јасмина Спасиќ.

Од испитани 149 жени, 11 од нив биле изложени на економско насилство, и тие се обратиле директно во установите за заштита,  26 се во категоријата на ‘скриена’ форма на семејно насилство на работното место, девет од нив биле“’во зона на насилство”  на работното место. Од 26 жени кои страдале од економско насилство 20 од нив биле во брачна заедница, а претрпеле економска  тортура на работното место и во домот.

Економското насилство врз жените е:

  • Забрана на партнерката да работи
  • Загрозување на вработувањето на партнерката преку креирање конфликтни ситуации на работа, закани да не оди на работа поради повреди или принудена злоупотреба на супстанци
  • Контролирање на придонесите, сметки во банка и заедничката сопственост
  • Барање на сметките на партнерката за сите пари што ги троши
  • Одземање на кредитни картички, пари и др.
  • Фалсификување на потписот на партнерката
  • Непромислени трошоци и финансиско задолжување
 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега