УЕФА изрече казна од 12.000 евра за ФФМ

 
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби казна во висина од 12.000 евра од страна на телото на УЕФА за контрола, етика и дисциплина поради однесувањето на дел од навивачите, односно користење и употреба на ласери.
 
Ова се случило на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Македонија и Луксембург одигран на 9. октомври. Нашата репрезентација постигна победа од 3:2 на тој натпревар.
 
Следниот натпревар Македонија на домашен терен го игра на 27. март 2015 година, а противник ни е селекцијата на Белорусија. 
 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега