Што се случувало синоќа на улиците низ Скопје?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, двајца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил возач на трактор.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска во времето од 11 до 17 часот по повод Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег“ ќе се одржи културна манифестација. Околу 16 часот учесниците во манифестацијата ќе започнат да се движат по ул. „Џон Кенеди“ десно по ул. „Цветан Димов“ во продолжение по бул. „Крсте Мисирков“ десно по бул. „Гоце Делчев“ десно по ул. „Филип Втори Македонски“ и лево плоштадот „Скендербег“. За време на движењето на учесниците по горенаведените сообраќајници од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, односно сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Во сабота, со почеток во 19 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Цеље, Словенија, а во недела со почеток во 17 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие спортски манифестации, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа