РК Вардар во сабота домаќин на Цеље
По двата порази од Веспрем, Вардар во сабота го пречекува словенечкиот тим Цеље во натпревар од групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Раул Гонзалес очекува тежок дуел против тим кој е во одлична форма.
- Не очекува многу важен натпревар против силна екипа која е во одлична форма. Веспрем е во одлична позиција во битката за првото место, но ние ќе дадеме се од себе за што подобар пласман во групата, а предуслов за тоа е да го добиеме Цеље и другите домашни натпревари до крајот на оваа група составена од многу квалитетни екипи, рече тренерот на Вардар на денешната прес-конференција.
Гонзалес клучот во успехот го гледа во спречување на контранападите на Цеље и секако поефикасна игра во нападот.
- Тие играат одлична одбрана, имаат извонреден среден бек што го разигрува целиот тим, така што ќе мораме да одиграме исклучително добро за да го оствариме посакуваниот резултат, нагласи шпанскиот стручњак.
Десното крило на Вардар, Матијаж Брумен вели дека неговата екипа и покрај проблемите со повредени играчи е способна да ги освои двата бода.
- Со поддршка од навивачите и максимално залагање можеме да го победиме тимот кој што е во супер форма и во последно време игра одлично. Знам дека мора да победиме, изјави Брумен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа