Новите инвестиции ќе ја развијат цела држава

Новите инвестиции кои ќе се реализираат надвор од Скопје треба придонесат да се подобри состојбата во регионите во внатрешноста на земјата. Според државната статистика, речиси половина од вкупниот БДП во земјава го создава главниот град. Во 2012 година во структурата на БДП скопскиот регион учествувал со 42,8%, пишува Економски.мк.

Целта на Владата е преку диверизификација на инвестициите да се развијат сите региони. Затоа државата инвестира во технолошко-индустриски развојни зони и во општински индустриски зони кои им се нудат на инветситорите за грдба на нивните фабрики.

-Одлуката за местото на инвестицијата секогаш ја носат компаниите, но ние правиме се што можеме, им сугерираме на инвеститорите, им ги нудиме предностите на другите региони и на тој начин ги стумилираме да донесат одлука да инвестираат во внатрешноста, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев за Економски.мк.

Податоците на статистичарите се за 2012, состојбата досега е променета со оглед на тоа дека во овие две години почна со работа Дрекселмаер во Кавадарци, Кронберг и Шуберт во Битола.

Натамошно подобрување ќе донесат ОДВ електрик во Охрид и КСС системс во Кичево, Маркарт во Велес, Веибо во северозпадна Макеоднија и уште многу други инвестиции кои допрва ќе се реализираат.

Освен странските инвестиции за подобрување на економската состојба во внатрешноста ќе придонесе и изградбата на инфраструктурата.

-Цениме дека со изградбата на автопатите Штип – Скопје и Кичево – Охрид, потоа експресните патишта како Штип – Кочани или Прилеп – Градско, изгрдбата на железницата кон Бугарија во североисточниот дел од земјава како и голем број проекти во областа на земјоделството ќе дадат поголем инпут за подигнување на БДП во регионите во внатрешноста, вели Ѓорѓиев.

Според статистика, во структурата на БДП позначителен приднес после скопскиот регион имаат југоисточниот и пелагонискиот регион. Најмал е придонесот на тетовскиот и кумановскиот регион.

 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега