Водоводна мрежа за новата болница „Филип Втори“

Општина Карпош започна со изградба на водоводна мрежа за новата болница „Филип Втори“, во должина од 572 метри.

Водоводот ќе биде изграден долж новопроектираните улици 1 и 2. Едната меѓу улиците „Бледски договор“ и булеварот „8-ми Септември“, а другата кон бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Изведувач на работите е фирмата „Жикол“. Инвестиција ќе чини 5.400.000 денари, а се очекува да биде завршена за десетина дена. 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега