НАТО загрижен поради милитаризацијата на Крим
Главниот командант на сојузничките сили на НАТО генерал Филип Бридлав изрази загриженост поради милитаризацијата на украинскиот полуостров Крим, анексиран од Русија.
- Руското оружје, проектили и противоздушни ракети распоредено на Крим имаат дострел кон целото Црно Море, изјави генералот на пресконференција во Киев.
Тој денеска во Киев имаше средба со претседателот на Украина Петро Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук.
Оцени ја веста
26.11.2014 - 15:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа