Павел Атман се огласи на Facebook: Македонија засекогаш ќе биде во моите спомени - си заминав бидејќи не ми плааќаа

Павел Атман се огласи на Фејсбук, истакнувајќи дека си заминал дома, во Русија, со оглед дека нема навремена исплата од РК Металург, а се уште не може да добие ниту исписница.

Драги пријатели, соработници и навивачи.

Сакам да ви изразам огромна благодарност за вашата неизмерна поддршка во изминатиот период додека бев во Металург. Навистина имав прекрасни моменти гледајќи ги прекрасните навивачи како не бодрат во постигнувањето на минатогодишниот успех, кога влеговме во осминафиналето во Лигата на Шампионите и освојувањето на прво место дома со победа над Вардар. И покрај сето тоа верувам дека знаете дека морав да си заминам од Скопје, поради фактот што од управата се уште немам никаква исплата, ниту пак исписница – а јас како сопруг и татко треба да се грижам за моето семејство. Па, така од минатата сабота веќе сум назад во мојата родна земја. Поздрав до сите вас и секое добро, Македонија ќе остане засекогаш во моите спомени.

Вашиот, Павел Атман

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега