Минчо Јорданов крена раце од Металург!

Македонскиот тајкун Минчо Јорданов, кој до вчера беше прв човек на Металург од денеска се откажа од ракометарниот клуб, пренесува Телеграф.мк

Неофицијалните информации говорат дека целата ситуација настанала откако тренерот Лино Червар за првпат после пет години не се појави на закажаниот тренинг. Имено се зборува дека бил на состанок токму со Минчо Јорданов, кој му соопштил дека се решил да ги повлече сите финансии од клубот. 

За ваквата новонастаната ситуација ракометарите не биле запознати, и остануваат во неизвесност за тоа во кој правец ќе се движи клубот. 

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега