Црвена Звезда остана непоразена во Загреб

 

 

Лидерот во АБА лигата Црвена Звезда синоќа успеа да слави минимална победа на гостувањето кај Цедевита со 88:87. Со овој триумф тимот од Белград и натаму е без пораз по деветте одиграни кола.

Натпреварот на „евролигашите“ во ова натпреварување го реши Јака Блажич, кој во последните секунди ги реализираше двете слободни фрлања, постигна вкупно 20 поени и беше најдобар играч на дуелот.

За Цедевита ова беше трет пораз сезонава во АБА лигата и остана на третото место, додека Црвена Звезда е прва со скор 9-0 (победи - порази), додека на второто место се наоѓа Будуќност со биланс 8-1.

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром е на делба на 10 – 11.место со шампионот на ова натпреварување Цибона. Двата тима имаат скор 3-6. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа