Џастин Бибер највисокоплатена славна личност под 30 години

 

 

Канадскиот пејач Џастин Бибер е на врвот на листата на највисоко платени славни личности под 30 години, објавена од американското списание „Форбс“.

Според списанието од јуни минатата година, до јуни годинава, Бибер заработил околу 80 милиони долари.

„Форбс“ истакнува дека главен дел од пригодите на 20-годишната поп-ѕвезда дошле од неговата светска турнеја.

Неодамна Бибер, кој често е во центарот на скандали, требаше да му плати 80.000 долари на својот сосед во Лос Анџелес, поради тоа дека гаѓал со јајца врз неговиот дом.

Девет од десет места во класификацијата се на музичари. На второ место е британската поп група Уан дајрекшн (One Direction), чиј состав, во просек на 21 годишна возраст, заработил 75 милиони долари. Следува американската кантри ѕвезда Тејлор Свифт (24 години) со заработка од 64 милиони долари.

На четврто место е 29-годишниот американски пејач Бруно Марс (60 милиони долари), петтото за Ријана (48 милиони долари), а шестото го зазема 22-годишната Мајли Сајрус (36 милиони долари).

Последните четири места се за 24-годишната оскаровка Џенифер Лоренс (34 милиони долари), која е единствена актерка во класификацијата, поп ѕвездата Лејди Гага (33 милиони долари), шведскиот диџеј Авичи (28 милиони долари) и американскиот диџеј Скрилекс (18 милиони долари). 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа