Унгарскиот амбасадор Бенце го посети Куманово

 

Амбасадорот на Унгарија, Јозеф Бенце денеска ја посети општина Куманово.

Амбасадорот со градоначалникот на Зоран Дамјановскиразговараше за економските потенцијали на општината и можноста за запознавање на унгарските стопанственици со потенцијалите за инвестирање во општината.

- Ја цениме поддршката на Унгарија за евроинтегративниот процес на Македонија. Разговаравме на повеќе теми и како една од најзначајните на кои обрнавме внимание е економската соработка. Ја покренавме иницијативата за подетално запознавање на стопанствениците од Унгарија со можностите за економска соработка кои ги нуди општината. Тука, пред се, ја потенциравме новата индустриска зона, рече Дамјановски.

- Соработката меѓу двете држави е на високо ниво. Пред извесно време се оформи и Мешовита комисија за економска соработка меѓу двете држави, рече амабасадорот Бенце.

Амабсадорот на Унгарија и градоначалникот Дамјановски денеска разговараа и за можноста за соработка на Куманово со соодветна општина од Унгарија како и за можно збратимување.

ФОТО: Кумановогов.мк

 

најчитано сега