Без победник на градското дерби во Милано

 

 

Нерешено 1:1 одиграа синоќа Милан и Интер во дербито на Милано во претпоследниот натпревар од 12.коло во Серија А.

Жереми Менез му донесе водство на Милан во 23.минута, конечниот резултат го постави Жоел Оби во 61.минута.

 

Домашните екипи на деветте средби од оваа рунда не остварија ниту една победа, а шанса да го направат тоа же имаат фудбалерите на Џенова кои вечер од 20:45 часот се домаќини на Палермо.

 

Резултати на другите натпревари: Торино – Сасуоло 0:1, Чезена – Сампдорија 1:1, Наполи – Каљари 3:3, Парма – Емполи 0:2, Удинезе – Киево 1:1, Верона – Фиорентина 1:2, Лацио – Јувентус 0:3 и Аталанта – Рома 1:2.

Табела: Јувентус 31 бод, Рома 28, Наполи 22, Сампдорија 21, Џенова 19, Лацио 19

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега