Одбележан Денот на воздухопловната бригада

 

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беше одбележан Денот на воздухопловната бригада.

Основна мисија на бригадата е остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, учество во мировни мисии и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ, и ООН како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

- Полковникот Кире Колевски, пред заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, и останатите високи претставници од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија рече дека Воздухопловната бригада на АРМ е достоен наследник на настанот од 10 јуни 1992 година, кога беше остварен и историскиот лет на првиот воздухоплов во рамките на АРМ и независна Македонија. Реализираната мисија во Босна и Херцеговина, партнерските цели, модернизацијата на воздухопловите, декларираните единици, обуката и достигнувањето на стандардите на Алијансата, истакна полковникот Колевски, ја доведоа бригадата на ниво на компатибилност со останатите воздухопловни единици на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана.

ФОТО: Денешен 

најчитано сега