Нова црква ќе никне во Ченто

 

Во населбата Ченто денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“.

Осветувањето на камен-темелникот, како што е најавено, ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан архиепископ Охридски и Македонски со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија.

Црквата ќе се гради на површина од 303 метри квадратни, а помошните простории на површина од 320 метри квадратни. Во склопот на црквата ќе има и камбанарија и крст од 25 метри. Во црковниот двор планирано е да се изгради и фонтана. 

Изградбата на црквата и помошните простории ќе биде финансирана од Македонската Православна Црква, приватни донатори и месното население. 

Ова е прва црква во Скопската епархија и втора во Македонија посветена на Света Лидија Македонска.

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега