Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската збука

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на припадниците на албанската етничка заедница во Македонија им го честита утрешниот Ден на албанската азбука. 

- Азбуката и писменоста се придобивка, културни особености, но и движечка сила за напредок и придонес на еден народ. Тие се и одлика на цивилизациските постигнувања, израз на верувањата, традициите и заедништво преку кои се гради колективната свест, се наведува во честитката.

Вељаноски истакнува дека Република Македонија е пример за држава која високо ги почитува различностите и продолжува да ги негува толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани.

- Убеден сум дека е потребно заеднички да продолжиме да работиме кон развој и напредок на нашата држава, а со тоа и подобар живот на нашите граѓани и сигурна иднина на генерациите што ќе следат, стои во честитката повпод Денот на албанската азбука. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега