Крадците пустошат во Тетово
Пет лица се осомничени од страна на полицијата како сторители на дваесетина тешки кржби извршени годинава во трговски дуќани, аптеки и други објекти во Тетово и околината информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- За седум од овие кражби осомничен и денеска кривично пријавен е Ј.А.(23) од Тетово. Тој кражбите ги извршил во текот на минатиот месец. Четиричлена група од Тетово и Желино што ја сочинувале Н.Љ.( 50 ),М.С. ( 45 ), И.З. ( 50 ) и Ј.Б. (25) се сомничи дека извршила 10 провални кражби. Серијата кражби групата ги извршила од декември минатата до октомври годинава претежно во објекти во Тетово, Џепчиште, Озормиште и на други места.
Во дваесетината расветлени кражби најчесто биле одземани пари, цигари, лекови, бижутерија, технички производи и други предмети изјави Јосифовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа