Семејна трагедија на Шерон Стоун
Семејството на Шерон Стоун го погоди голема семејна трагедија.
По ненадејната смрт на внукот, убавата актерка и семејството се убиени од болка. Иако се уште официјално не е потврдено, најверојатно момчето се предозирало со хероин.
Мртвото тело на синот на братот на Шерон Стоун го пронашла домашната помошничка.
- Колин беше прекрасен и талентиран син. За жал зависноста беше појака од него. Многу ќе ни недостасува. Се молиме за сите оние чии деца се борат со зависноста, изјави Шерон Стоун.
И татко му на Колин, Мајкл, имаше проблеми со дрогата, но Шерон му помогна да се спаси и да се ослободи од зависноста.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа