Тодоров: Демократско право на Невладините организации е да бараат оценка на законот за абортус од Уставен суд
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска изјави дека демократско право на невладините организации е тие да поднесат барање за уставна оценка на Предлог-законот за прекинување бременоста.
- Ги почитувам невладините организации во борбата за нивните ставови. Тоа е нивно врвно демократско право. И како човек и како правник не можам да се спротиставам ниту сакам да помислам дека некој треба да се спротистави да се поднесе барање до Уставниот суд за тој да одлучува дали определен закон е уставен или не, изјави Тодоров.
Тој денеска уште еднаш во изјава за медиумите ги образложи амандманите на Предлог-законот.
Тодоров воедно посочи дека новиот и претходниот закон имаат исти одредби за абортирање повеќе од еднаш.