Елена Ристеска: Еве ја бурмата а тука ми e и мажот
Откако српските медиуми распалија по Елена Ристеска нашата единствена претставничка во шоуто "Твоето лице звучи познато", кое секоја недела се емитува на телевизија Сител, дека ја нема поддршката и го крие сопругот Бојан, тој веднаш фати пат за Белград. Сопругот на пејачката бил на едно од снимањата на шоуто, со што двојката потврдила дека бракот не им е во криза. "Еве ја бурмата, а тука е и сопругот, ме чека", изјавила таа за една српска телевизија. Елена оваа недела вечер ќе ја видиме трансформирана во Џеси Џеј.
Оцени ја веста
20.11.2014 - 11:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа