„Умирам, но го живеам сонот од моите соништа“ - потресна приказна на татко болен од рак
Потресна приканзна на еден татко кој боледува од рак, ова писмо ќе ве расплаче.
„Во мај 2014 година дознав дека имам рак на плуќата во поодмината фаза. На луѓето како мене обично не им останува многу време,и покрај сите третмани и лечење, но јас сум оптимист и покрај тоа што сум свесен во каква ситуација се наоѓам.
Возејќи се во автомобил доживеав момент на просветлување. Тоа беше момент кога сфатив што се пропуштам во животот. Сфатив дека доживувам најголема човечка трагедија: ги живеев најубавите денови во својот живот, а за тоа не бев свесен.
Од тој ден, рајот го пронајдов во секоја ситуација, во секој момент од денот. Во март се преселивме во една преубава куќа, куќата од моите соништа, во која моите деца ќе пораснат, а јас тоа не ќе можам да го видам. Срцето ми се крши, но не размислувам за себе. Навистина не, затоа што го живеам животот од моите соништа.
Успеав да одгледам навистина среќни деца. Не сакам едвај да се сеќаваат на мене, затоа сакам сега да ги направам среќни. Сакам и мојата сопруга да биде среќна, бидејќи таа тоа го заслужува.
Кога сега би се жалел и секојдневно би се прашувал: Зошто баш јас?, ништо нема да добијам. Треба да бидам свесен дека и баш сега кога сум веќе уморен, по малку збунет и тажен, ги доживувам најубавите денови од мојот живот.
Имам едно барање за вас: Мојата ќеркичка е срамежлива. Таа сака да си игра, и кога ќе ја видите, првата мисла би ви била, „погледнете колку убаво си игра“. Но приближете и се, играјте со неа, потребни сте и.
Мојот син е многу чувствителен, но паметно момче. Се што ќе му кажете се врежува во неговото срце, и размислува за тоа со денови. Немојте да се шегувате со него на грд начин, ќе го скршите. Третирајте го како да е возрасен човек.
И на крајот мојата сопруга. Таа е многу вредна и голем работник. Секогаш опоменувајте ја да се забави малку, да се релаксира. Таа е жената од моите соништа“.
Оваа приказна има цел да ве потсети дека треба да ја пронаоѓате среќата и во најмалите работи и да секој ден од вашиот живот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа