Конференција за иновации во растително и сточарско производство

 

Меѓународна конференција на тема „Развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во секторите растително и сточарско производство“, ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Федерацијата на фармерите на Македонија. 

На конференцијата ќе бидат презентирани иновативни алатки за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и за промовирање и олеснување на иновативното претприемништво.

Најавено е учество на 120 претставници од организации и научни институции кои даваат поддршка и услуги на мали и средни претпријатија во сточарското и растителното производство, бизнис асоциации, стопански комори, организации за бизнис промоција, невладини организации, консултанти, синдикати, претставници од  мали и средни претпријатија во сточарското и растително производство, .... 

Конференцијата е завршен настан од Агро-старт проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во растителното и сточарското производство“, финансиран од Европската Унија.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега