Шумахер живее во голгота: Парализиран е и има проблем со меморијата

 

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер е парализиран и има проблеми со говорот и мемеоријата, ијзави пријател на германскиот возач Филип Штрајф.

Штрајф е поранешен возач на Формула 1 , а од 1989 година се наоѓа во инвалидска количка откако се парализирал по пет судари на тест возењата во Бразил во пресрет на почетокот на сезоната.

-Михаел е парализиран и се наоѓа во инвалидкса количка. Тој не може да зборува и има проблеми со помнењето. Во моментов е со семејството па побрзо ќе се опорави. неговата состојба е подобрена, но се е релативно. Тоа е мошне тешко“, рекол Штрајф.

Тие двајца се долгогодишни пријатели, а Штрајф го посетувал Шумахер и додека бил во болница во Гренобл.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 18:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега