САД нуди милион долари за пронаоѓање тежок криминалец
САД понуди награда од еден милион долари за секој што ќе им помогне да го пронајдат романскиот кибер-криминалец Николае Попеску.
Наградата ќе биде доделена за секоја информација, со која ќе се овозможи да биде откриен и да се покрене обвинение против Попеску, кој, според истражните органи, веројатно избегал во Европа.
Освен тоа, 750.000 долари се понудени и за секоја информација која ќе доведе до апсење или покренување обвинение против еден од неговите соучесници Димитру Даниел Босогиоиу, кој веројатно ја имал клучната улога во криминалот извршен преку интернет, а организиран од Попеску.
Измамите се состојат од кражба на милиони долари од купувачи по објавување на реклами за скапи стоки, како на пример автомобили, бродови или мотори, а кои всушност не постојат.
Купувачите биле насочувани кон системи за плаќање преку интернет и банкарски сметки, отворени со фалсификувани документи за идентификација.
Попеску и Босогиоиу се обвинети за измами преку интернет, перење на пари и фалсификување пасоши.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа