Најпогодените земји од ебола ќе претрпат штети од три до четири милијарди долари

 

 

 

Светската банка предвидува дека епидемијата од ебола земјите јужно од Сахара ќe ги чини од три до четри милијарди долари. Тоа е многу помалку од претходните предвидувања односно од најлошото сценатио од 32 милијарди долари, изјави денеска главниот економист за Африка на СБ, Франсиско Ферејра.

Тој посочи дека е намалена опасноста од најлошото сценарио за влијанието на еболата врз економијата, поради успешното справување со епидемијата во некои земји.

- Опасноста не е сведена на нула, се уште е потребен висок степен на подготвеност и фокусираност, наведе Ферејра.

СБ во октомврискиот извештај истакна дека ако вирусот се прошири надвор од границите на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, Африка би претрпела штети од десетици милијарди долари поради нарушување на трансграничната трговија, рутите на достава и туризмот.

Поради тоа СБ побара меѓународни напори за спречување на најлошите сценарија. Обединетите нации испратија медицински персона во најпогодените земји, а се зголеми и финансирањето на борбата против еболата.

Според Светската здравствена организација, до 14 ноември во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале 5.177 луѓе, а 14.133 се инфицирани.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа