Ќофтиња од црн патлиџан

  • 2 средни (750 гр) црни патлиџани
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 2 лажици пармезан
  • 2 мали јајца
  • 80 гр лебни трошки
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 чешне ситно исецкано лукче
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба масло за пржење и лебни трошки за валкање на ќофтињата

Патлиџаните ставете ги да се печат во згреана рерна на 250 степени околу 30мин. Потоа извадете ги, завиткајте ги во најлон и оставете ги да оладат.
Излупете ги и раскинете ги на парчиња. Ставете ги во цедалка некое време да се исцеди водата што ја пуштаат.
Ставете ги во сад и изгмечете ги со алатка за пире. Додајте ги сите останати состојки и убаво измешајте ги. Со рака правите ќофтиња, извалајте ги во лебни трошки и пржете ги во масло на среден оган. Пржени извадете ги на кујнска салфетка, потоа сервирајте ги и послужете се.
Извор: Мои рецепти


 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега