Лошо време не очекува цела недела - во петок услови за снег

Нестабилното време  претежно облачно со врнежи од дожд и ветровито ќе имаме денеска. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне  брзина и до 40км/ч.

 Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 18°C.  Од четврток се очекува продор на студена воздушна маса во Македонија која ќе услови засилен студен ветер кој ќе дува од северен правец, а се очекува и пад на утринските и дневните температури, анализира  Weather4All. 

Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровто. Во североисточните и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планинските предели над 1400 метри со услови за слаб снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 1°C до 9°C, а максималните дневни температури од 8°C до 16°C.

Во петок по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 6°C до 14°C. На повисоките места можна е појава на послаби врнежи од снег.

 Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и постудено. Ќе дува умерен севрен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -3°C до 6°C, а максималните дневни температури од 5°C до 13°C.

 

 Појава на утринска магла ќе има и во недела. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега