Александар Спасовски: Жерновски против Скопје 2014

 

 

Три илјади гласа победа за Жерновски во општина Центар и не се така многу ако се има предвид како Тодоровиќ го изработи градоначлничкиот мандат. Може партијата на власт да бара различни изговори, но јасно е дека Тодоровиќ беше лош избор за прв човек на оваа општина. Нема да пишувам зошто бидејќи е доволно човек да влезе во автомобил и да се обиде да се повози низ Центар. Улиците станаа едносмерни но не за да им повеќе простор за возење, туку повеќе места за паркирање. И што е најинтересно, паркинг никаде нема.
Оној паркинг на општина Центар е најголемата глупост што му се случила на централното градско подрачје. Се паркирам пред Беверли Хилс, за да платам карта (пред да воведат плаќање преку мобилен) треба пешки да одам до Минситерство за економија...

Но добро, изборите се готови, граѓаните одбраа, а јас како домороден аеродромец со привремен престој во Центар, си дозволив да ги кажам моите ставови.

Сега, пред спин мајсторите на Бихаќка се исправува предизвикот, оваа победа во Центар да ја прикажат како голема победа (не е мала ок) за да се обидат да го стават под тепих резултатот од 58:4 во градоначлници и околу 150.000 гласа разлика, како и над 110.000 гласови пораз на изборите за општинските совети.
Од вечерва, штабските официри на СДСМ (оние кои за време на кампања висат по партиските штабови, пишуваат графити, се маткаат околу кандидатите и по потреба глумат новинари пред избирачки места) на социјалните мрежи почнуваат да ја шират тезата дека ова бил личен пораз на Груевски, бидејќи Центар е општината каде што бил проектот Скопје 2014 кој граѓаните не го поддржувале.
Се согласувам дека во државата има голем број граѓани кои не се согласуваат со сите елементи на овој проект, но вистина е дека голем дел од сите тие, имаат по најмалку една фотка со воинот на коњ.  Сепак, да бидеме реални, без намера да ја деградирам победата на Жерновски, разликата од 11 процентни поени и не е така голема. Сепак, во оваа оштина, ако се оди по таа спин логика на СДСМ, се уште има над 40% кои го поддржуваат овој проект. Интересен е податокот до кој стигнав преку моите извори, дека во Центар во вториот круг (за прегласувањето не знам) 500 гласачи од оние на контото на Жерновски биле етнички Албанци кои по дифолт се против споменик на Александар Македонски и црква Св. Константин и Елена.
Дополнително треба да се има предвид, дека Жерновски не беше толку добар а и Скопје 2014 не беше толку голем проблем, колку што Тодоровиќ беше лош кандидат. Дека е така, доволно е да се погледне како помина Коце Трајановски против Јани Макрадули во Центар . Актуелниот градоначлник го победи Макрадули со 1500 гласа разлика во истиот круг кога Жерновски имаше 1000 гласа повеќе од Тодоровиќ. Не ќе да е до ВМРО-ДПМНЕ и Скопје 2014.
Сега деновиве можете да ги очекувате колумните на соросовата пешадија и социјалдемократското трње.
Тезите веќе ги поставив... „Груевски доживеал личен пораз“, „Победата во Центар е позначајна од сите општини во Македонија заедно“. Дури некој (добро де оние што имаат редовен работен однос во СДСМ) можеби ќе напише дека „СДСМ е победник на овие избори“.  (морален :) )
А зошто да не... ако можеше Жерновски да каже дека ова е вовед во победата на СДСМ на следните предвремени избори, ако можеше соросовиот медиумски батаљон да пишува дека 58:4 е пирова победа... тогаш може и СДСМ да е победник на оие избори.. добро де морален... и пак смајли секако :)

И за крај, вчерашното инфилтирање на „новинари“ од страна на СДСМ по избирачките места е директен повик за првите луѓе во ЗНМ, МАН, МИМ и сите такви и слични новинарски организации и здруженија, како и самопрогласени медиумски експерти, јавно да побараат од надлежните институции да го санкционираат лажното претставување.
Вчера се фрапирав кога прочитав дека дури и синот на еден политчар кој јавно се декларира како член на политчка партија, се жалеше по порталите дека полицијата му ги одзела снимките кои тој ги направил како „акредитиран новинар“.
Почитувани лидери на новинрските здруженија, ако ова не е повод за остра реакција, ако ова не е најголмиот срам за и онака деградираната новинарска професија, тогаш навистина треба да ги вратите сите пари кои странциве ви ги даваат како донации.

Александар Спасовски
(авторот е новинар)

Рубриката Став одразува лични ставови на авторите на текстовите. Редакцијата на Press24 само го отстапува просторот и не секогаш се согласува со нивните констатации.

 

најчитано сега