Дали е сексот најважен за една врска?
Судејќи според некои веб страни за пронаоѓање партнери, изгледа дека љубовта, односно врската без секс не е опција за многу луѓе. Повеќето учесници во ова истражување сметаат дека сексот е од клучна важност кога се работи за долгите љубовни врски, а 80% од испитаниците сметаат дека врската без секс едноставно не може да функционира.
Исто така ова истражување покажа и дека 56 % од испитаниците сметаат дека сексуалната желба и страста во бракот не исчезнуваат со годините. Кога се работи за динамиката на сексуалните односи, повеќето жени и мажи се согласуваат дека стабилната и хармонична врска бара сексуални односи неколку пати неделно.
За повеќето луѓе сексот е од исклучителна важност за одржување на врската, а дури 68% од сексуално активните луѓе не би ни размислувале за тоа да бидат во врска со некој што не сака секс.
Според оваа анкета, изгледа дека и девојките се тие што се нетрпеливи кога се работи за сексуалните односи во новата врска. Околу 55% од мажите се подготвени на своите партнерки да им дадат време колку им е потребно за да посакаат и да бидат подготвени за првиот секс во новата врска, а околу 40% од девојките би чекале најмногу неколку недели пред да ја прекинат врската поради недостаток од секс со новото момче.
Сепак изгледа дека сексот не им е на сите најважната работа во врската, судејќи според тоа што околу 38% од испитаниците признале дека во некој момент од својот живот биле во љубовна врска без секс со партнерката, иако биле сексуално активни, а 50% од нив биле во таква врска дури и повеќе од една година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа