Бугарија во 2012 година најчесто им давала државјанство на Руси

 

 

 

Во текот на 2012 година Бугарија им доделила државјанство на 1.700 странци, од кои 96,9 отсто не се од државите од ЕУ, покажуваат денеска објавените податоци на Европската канцеларија за статистика - Евростат.

Во најголем процент или во 23,4 проценти од случаите, бугарско државјанство им било доделено на Руси. Бугарско државјанство добиле и 16,3 отсто Македонци, 13,9 отсто државјани на Молдавија и 12,1 отсто државјани на Украина.

Податоците покажуваат дека во текот на 2012 година вкупно 818. 000 странци добиле државјанство на земја од ЕУ, што покажува раст од четири проценти во однос на 2011 година.

Најмногубројни меѓу нив биле граѓани од Мароко, Турција, Индија и Еквадор.

Меѓу државјаните на ЕУ, кои добиле жителство во друга држава од Заедницата, најмногубројни биле Романците, Полјаците и Италијанците

18.11.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега