Пијани возачи летале на улиците во Тетово и Штип

Над 30 возачи изминатиот викенд возеле под дејство на алкохол. Откриени се при сообраќајните контроли што изминатиот викенд ги спроведоа СВР Тетово и СВР Штип.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вкупно 379 возачи кои биле алкотестирани, на подрачјето на СВР Штип откриени се 19 алкохолизирани возачи, а СВР Тетово утврдило присуство на алкохол кај 12 возачи.

При сообраќајните контроли констатирани се и други прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот при што се изготвени налози и покани за наплата на глоби. 

18.11.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега