Бишев: Шпаркасе има капитал кој овозможува неограничено акредитирање

Шпаркасе Македонија ќе има рамноправен третман и подеднакво ќе го кредитира и населението и претпријатиjaта. Планира до крајот на годината да го зголеми учеството во станбеното кредитирање до 7 проценти, од сегашните 5,5, најави новиот претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на банката Глигор Бишев на денешната прес-конференција.

- Адекватноста на капиталот на банката е 29,5 проценти, што е високо и овозможува кредитирањето да биде неограничено, истакна Бишев.

За новите станбени кредити што ги промовираше, Бишев, посочи дека ќе користат средства од нивната матична банка во Австрија. Нудат два вида кредити со фиксна каматна стапка во првите три и во првите пет години. Според Бишев тоа ќе овозможи да може на подолг рокклиентите да ги предвидат трошоците. Каматната стапка која за првиот кредит е 5,25 и за вториот 5,5 проценти, ќе се разгледува на секои шест месеци и ќе се утврдува зависно од случувањата на меѓународниот пазар. Смета дека и по нова година ќе важат истите услуви како и сега кога е нуди овој производ.

Очекува кредитниот раст да се забрза и ги охрабрува носителите на економските политики да ги усвојат најавените неконвенционални мерки. Посочи дека гарантниот фонд е добредојден за финансирање мали и средни претпријатија.