Франција и Швајцарија со најсилните состави на Дејвис купот

 

 

Репрезентациите на Франција и на Швајцарија во најсилните состави ќе играат во финалето на Дејвис купот. Ова пред се се однесува на Швајцарија откако нивниот прв играч Рожер Федерер (број 2 на АТП) во неделата го предаде финалето од Мастерс купот во Лондон со Новак Ѓоковиќ.

Покрај Федерер во составот на Швајцарија се уште Стан Вавринка (4), Марко Кудинели (198), Михаел Ламер (513).

Француската селекција која е домаќин ја предводи Жо Филфред Цонга (12), а ќе играат уште Гаел Монфис (19), Жулиен Бенето (26) и Ришар Гаске (27).

Финалето ќе се игра од 21 до 23 ноември на стадионот „Пиер Муро“ во Лил на земјена подлога.

18.11.2014 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега