Инцидент во ТЛЗП: Елена Ристеска за малку ќе се задавела

 

Нашата атрактивна пејачка Елена Ристеска во последното издание на телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“ го имитираше Харис Џиновиќ, а за нејзината изведба жирито беше едногласно дека таа ја има најдобрата маска на Харис досега. Во следното издание, Елена ќе ја имитира Џеси Џеј, но за време на снимањето се случил инцидент и пејачката за малку ќе се задавела на гламурозната сцена.

Имено, единствената македонската претставничка во популарното шоу за „Дневник“ открива и за помал инцидент што и се случил за време на имитацијата на Џеси Џеј.

– Едно од многуте светкави каменчиња што ги имав на устата какви што Џеси Џеј има во спотот од кој се инспириравме ми застана во грлото и за малку ќе се задавев. Сепак, се снајдов и покрај таа мала незгода, собрав сили и ја отпеав песната професионално до крај – им раскажала Елена.

Ристеска ги демантира пишувањата на српските медиуми дека нејзиниот брак е во криза, и додава дека сопругот Бојан е со неа во Белград.

18.11.2014 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега