Србинки чекаат на ред за македонска сперма
По три неуспешни обиди за вонтелесно оплодување, 43 годишната Ивана Симиќ од Белград останала без можност да добие дете. Нејзина последна шанса била Македонија бидејќи Србија не дозволува донирање на сперма и јајце клетки на сопствена територија.
Во Скопје успеала од прва. Македонската сперма по години неуспеси ја направила среќна.
Ивана за српски Блиц вели дека таа и нејзиниот сопруг се само еден од многуте парови кои ја бараат среќата во Македонија. Велат дека во земјава има добри лекари и одлични клиники каде по загубената надеж во Србија, можете да дојдете до толку посакуваното дете
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа