Ќазим Османи ја легна Ана Николиќ?!

Пред неколку дена пејачката тајно ја поминала ноќта во неговиот кревет, откако пеела во неговата дискотека во Пореч.

Ана Николиќ повторно се мота околу албанскиот бизнисмен Ќазим Османи. Имено, пред неколку дена пејачката тајно ја поминала ноќта во неговиот кревет, откако пеела во неговата дискотека во Пореч. Османи лично ја ангажирал Ана, а таа веднаш ја прифатила поканата за гостување, бидејќи се надевала дека ќе ја обноват старата врска. Но, бизнисменот ја исклурирал и не се појавил на свирката.

„Мислеше дека и Османи ќе дојде на настапот, но тој не се појави. Ана мислеше дека ова е идеално прилика за да ја обноват врската. Тој на неа и тимот им обезбеди луксузно сместување. Ана спиеше во неговиот кралски апартман, но воопшто не се сретнаа“, изјавил извор близок на пејачката.

 

Инаку Ана и Ќазим два пати ја обновуваа врската, а таа се заљуби во него до уши. Честопати одеа заедно на слави, но пејачката постојано ја негираше романсата. После извесен период во јавноста се појавија смс пораките кои таа му ги праќала, а во кои пишуваше дека го сака и не може без него. Минатата година, дури и доби и ќотек од тогашната девојка на Османи, Манда Поповиќ која ја истепа во хотелска соба во Будва.

17.11.2014 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега