Втора жртва на ебола во САД-почина лекар
Лекарот Мартин Салиа е втората жртва која почина од ебола во САД. Салиа почина утрово во пет часот, соопшти портпаролот на „Небраска Медисин“ Тејлор Вилсон.
Лекарот кој е државјанин на САД работел во Западна Африка каде се заразил со вирусот. Во медицинскиот центар во Омаха тој беше донесен во саботата.
Toj бил во исклучително критична состојба кога стигнал на лекување и иако лекарите ги вложиле сите напори, не можеле да го спасат. Салиа имал напредни симптоми на ебола, му откажале бубрезите и респираторните органи, изјавија лекарите.
17.11.2014 - 18:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа