Наместо да лежи затвор ја пустошел Струга
Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против против стружаните Н.М.(29) и Р.М.(34) кои се осомничени дека извршиле 13 кражби.
Стружаните ги извршиле кражбите во периодот од октомври минатата до мај годинава во станови, работилници, гаражи, камп-приколки, стоваришта за градежни материјали во Струга и струшкото село Мислешево.
Тие одземале бормашини, циркулар машини, хилт-апарати и други електрични работни машини и алати, акумулатори и предмети од бакар и алуминиум. Крадејќи низ Струга, двајцата натрапници си заработиле 400.000 денари.
Крадците, информираат од МВР, вешто влегувале во објектите кои им биле мета, краделе она што им “фаќало око“ и потоа го продавале пленот.
Од МВР информираат дека стружаните им се веќе познати “клиенти“. Во моментов Н.М. издржува казна затвор во казнено поправната установа „Идризово“ во Скопје за претходно сторени кражби и тешки кражби. Истражен судија на Р.М. му одреди мерка притвор во траење до 15 дена.