Штетите од поплавите во италијанската област Лигурија над милијарда евра

 

 

Поројните дождови и поплавите нанеле во италијанската област Лигурија штети над една милијарда евра. Тоа го изјави гувернерот Клаудио Бурландо.

- Според мене, вкупните штети се над една милијарда евра. Ако се соберат штетите од сите поплави од изминатиот месец, од кои беа погодени претприемачи, трговци, сопственици на локали како и државни структури, тогаш се добива сума не пониска од една милијарда евра, изјави Бурландо.

Во Италија заради поплавите и лизгањето земјиште за еден месец загинаа девет луѓе. Според метеоролозите, дождовите во северна Италија ќе продолжат и во следните денови

17.11.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега